Францускиот уставен суд одобри контраверзни промени на законите за електронска комуникација со кои се овозможуваат нови начини за следење на разговорите на корисниците. Со промените во законот разузнавачките и безбедносните агенции во Франција ќе можат да собираат мета податоци, да користат keylogger софтвер за следење на комуникациите и тоа без да има потреба од судски налог, иако законот предвидува креирање на ново независно тело кое ќе овозможи контрола над следењето. Но, за потреби со поголема итност, агенциите нема да мораат да бараат дозвола ниту од министрите и премиерот. Причината за контроверзниот закон е секако националната безбедност, иако Франција неодамна остро ги критикуваше САД што им ја нарушил приватноста на своите претседатели.
Дел од новите алатки предвидуваат креирање на нови шпионски алатки, лажни базни станици со чија помош се надеваат дека ќе стават крај на терористичката опасност во Франција. Целокупните промени доаѓаат по терористичките напади, властите во Франција сметаат дека со ова се заштитуваат од идни напади, но се чини дека терористите ја постигнаа својата цел, и дека поради нивните напади правото на приватност во Франција доби сериозен удар.
Противниците на законот велат дека претставува сериозна закана за приватноста и граѓанските слободи бидејќи овозможува прибирање на податоци без судска дозвола, јави Wall Street Journal. Покрај замерките кои пред се се однесуваат на нејаснотиите околу мерките за следење кои се предвидени со законот, тој успешно помина без сериозни промени. Од законот не се задоволни ниту телеком операторите кои во својата опрема ќе мора да вградат „црни кутии“ кои заедно со алгоримите ќе овозможат непречено и постојано следење на комуникациите. Дополнително агенциите ќе имаат постојан пристап до интернет комуникациите на осомничените терористи.
На чело на агенцијата која се грижи за спроведување на прислушувањето ќе биде претставник предложен од владата кој мора да добие мнозинство гласови и од судиите, а ќе има право да дава совети за методите на следење и цели од интерес на агенциит.







