13 коментари 2 мин. читање

Двајца програмери од Скопје бараат краудфандинг помош за да стигнат на курс во Сан Франциско

На Маја Узунова и Никола Мијановиќ им е потребна вашата помош. Радостa дека сe примени на академијата за развој на iOS игри Makegameswithus.us е скратена за неколку илјадници долари кои им се потребни да престојат во Сан Франциско, каде ќе се оддржи курсот. Двајцата млади програмери, кои заедно кодираа во скопска фирма, и заедно аплицираа на Makegamewith.us, сега заедно бараат помош од краудфандинг заедницата да им помогне да научат повеќе за iOS игрите. Потребни им се по 5.000 долари за да го платат дво-месечниот курс и престојот во САД.

„Го поминавме интервјуто и ни рекоа дека ќе бидеме известени во рок од неколу дена дали сме примени – и не примија! Ние сме единствените пријавени од Македонија и двајцата добивме место“, вели Никола.

Маја и Никола успеаја да ги импресионираат луѓето од Сан Франциско првин со своето резиме, па потоа и со Skype интервју преку кое се филтрираа 200-те примени кандидати од вкупно 1.500-те пријавени на курсот за развој на iOS игри, закажан за јуни и август ова лето. Но, академијата чини околу 5.000 долари, а тука се и трошоците за престој во Сан Франциско – Меката на ИТ индустријата, но и еден од поскапите градови за живеење. Двајцата програмери се надеваат дека Makegameswith.us ќе им понуди стипендија, но шансите за тоа се мали бидејќи самата академија им препорача на сите примени кандидати да собираат пари преку Crowdtilt. Нивните краудфандинг кампањи, за разлика од вообичаените, не нудат ништо за возвратната инвестиција, пример, нема да добиете маичка за учество, ниту попуст на продукт. Но, гледајте на тоа како да инвестирате во млади македонски програмери чие здобиено знаење, се надеваме, ќе и помогне на локалната ИТ сцена да биде подобра.

„Се надеваме на многу дружење, многу различни идеи и претставување на Македонија во убаво светло“, вели Никола.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

13 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top