Германската компанија Metaio која е еден од лидерите на полето на проширена реалност најави дека работи на технологија „термален допир“ која заедно со Google Glass ќе овозможи целиот свет да биде „екран на допир“. Технологијата овозможува со комбинација на инфрацрвена и обична камера да се отчитува загревањето на секоја површина откако корисникот ќе ја допре со прстот. Ова понатаму се користи за лоцирање на точката на таблет компјутерот на кој се приклучени камерите и активирање на посакуваната опција. Прототипот е прилично неисполиран, но дел од примените кои се презентирани во видеото се навистина фантастични. Уредот е ограничен од некористењето на инфрацрвени камери во паметните уреди, а и потребната технологија сè уште треба да се развива. Според проценките Thermal Touch ќе биде подготвен за 5 години.
„Сите зборуваат за преносните комјутери и паметни очила како Google Glass, но никој не зборува за тоа што е најдобар начин да се користат овие уреди. Потребен е природен, удобен интерфејс за навигација на технологијата од иднината, токму затоа го развивме Thermal Touch“, вели директорот на Metaio, Питер Маер.
[youtube]t1HmYNqp8NM[/youtube]