Hack and slash акција во Gah! и впечатлива приказна во Deep Beyond – две мали игри за голема забава

Во оваа прилика разгледуваме две мали игри кои допрва треба да излезет. Наративниот Walking Simulator веќе е излезен за PC, но по прв пат ќе излезе за конзолите на 13 септември. Од друга страна, Gah! ќе понуди hack and slash акција во раниот пристап на Steam на 4 септември.

Gah! е игра со чуден наслов но забавен спој од roguelite и акциони RPG механики

Развивана од соло девелопер, Gah! се чини како игра која ќе понуди многу работи на самиот ЕА почеток, особено доколку сте фанови на вакви хибриди од игри.

Со некој од трите понудени ликови ќе можете да навлегувате во најразлични ранови, да се соочувате со најразлични непријатели, да собирате корисна опрема и ресурси и, откако ќе се случи неизбежната смрт, ќе можете да се вратите во вашето село, да отклучувате надградби, како и нови херои.

Се чини дека хероите играат огромна улога во Gah!. Гејмплејот се сервира преку поглавја во кои се внесени едночасовни авантури во рандомно осмислен свет. По успешно завршување на секое поглавје, ќе можете да отклучите два дополнителни ликови за играње. Секој од ликовите се одликува со по четири уникатни способности и оружја за користење. Секоја од способностите пак, ќе можат четирикратно да се надградат.

Згора на ова, имате и дрво со бројни пасивни способности. Ни се допадна и малата доза нелинеарност која се воведува во играта. Имено, откако ќе завршите со некое ниво, ќе можете да изберете една од две понудени второстепени мисии. Исполнување на овој секундарен квест, ве наградува со дополнителен плен.

На играта би се работело од пола до цела година. Иако клучните механики се воведени, времето ќе се искористи за вметнување дополнителни поглавја, ликови, вештини, непријатели и опрема. се планира конечната верзија да понуди пет поглавја, 13 игриви ликови, 80 непријатели, 15 босови и солиден систем за крафтање и надградба на опремата.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Jasio Games
  • Издава: Jasio Games
  • Жанр: акција/ RPG
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезе на: 4 септември 2024

Deep Beyond е наративен трилер за морски истражувач

Deep Beyond е мала игра со уште помала цена, а со огромно срце. Уште во првите пет минути се гледа дека Avix Games посветиле многу време и љубов во реализиција на нивната наративна визија.

Играта се одликува со невообичаен графички стил кој некако не потсетува на фантом стриповите од 40-те години на минатиот век. Анимациите, како и музичката подлога се суптилни, но одлично направени, со целосен фокус на будење чувства на носталгија и релаксација. Дополнително, гласовите, иако ги нема премногу, припаѓаат на квалитетни актери, особено на главниот лик – Лили.

Deep Beyond е кратка приказна преку која ќе ги истражувате длабочините на морето, ќе решавате сложени загатки и ќе пробате да ја разрешите мистеријата поврзана со исчезнувањето на вашиот татко. И приказната и загатките се одлично осмислени. Во ниеден момент не ја злоупотребуваат вашата посета и допринесуваат до краток, но задоволителен престој.

Она што навистина не ни е јасно е како може ваква уникатна игра, која не чини ни 300 денари, да има само 38 рецензии, од кои 94% се позитивни. Се надеваме дека играта ќе го добие вниманието кое го заслужува кога ќе излезе за конзолите на 13 септември.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Avix Games
  • Издава: Avix Games
  • Жанр: walking simulator
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 15 мај 2024, 13 септември за конзоли

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments