1 коментар 2 мин. читање 5 ноември, 2015

Дури 40 отсто од онлајн продажбите од Кина се фалсификати

Над 40 отсто од производите кои онлајн се продаваат од Кина се фалсификати или неквалитетни, велат податоците на кинеската новинска агенција Xinhua, кои ги пренесе Reuters.

Извештајот доаѓа со барање за итно преземање на мерки за заштита на потрошувачите. Затоа овие резултати им беа презентирани и на кинеските законодавци кои сега треба да пронајдат начин за да ги заштитат корисниците. Најчесто фалсификувани производи се наводно кожни новчаници и ташни, по што следат часовници, накит, облека и модни додатоци. На четврто место е електроника и паметните телефони.

Проблемот станува повпечатлив како што расне онлајн продажбата; само во првата половина на 2015 година е забележан пораст од скоро 50 отсто. Сега онлајн продажбата е 11,4 отсто од вкупната продажба во Кина. Најголем дел од онлајн пазарот во Кина очекувано отпаѓа на Alibaba – 57,7 отсто, по кој следи JD.com со 25 отсто.

Продажбата на фалсификати и неквалитентна роба е се поголем проблем и за продавниците кои сакаат да работат легално и да ги продаваат производите кои се прикажани на страната. Најголемата кинеска компанија Alibaba, токму од овие причини се соочува со забрана за продажба во САД.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top