1 коментар 2 мин. читање 4 ноември, 2015

ИТ настан: Girls In Tech Macedonia ја покани Мади Шарма да зборува за половата еднаквост во ИТ

Girls In Tech Macedonia организира настан, закажан за петок 6-ти ноември, на кој ги поканува сите заинтересирани да се вклучат во дискусија за половата еднаквост во ИТ индустријата.

Непрофитната глобална организација чија цел е да поттикне што повеќе девојки да се вклучат во ИТ индустријата и претприемаштвото, ја покани претседателката на Madi Group, Мади Шарма, да зборува на тема „Ти мора да бидеш промената што сакаш да ја видиш – без оправдување“ во контекст на половата еднаквост во ИТ индустријата. Поканета е и Марија Феро, од Seavus Education & Development Center, која ќе даде краток мотивирачки говор за нејзината успешна и наградувана кариера во ИТ, како и предизвиците со кои се соочуваше.

Идејата на настанот, и на организацијата, е да ги мотивира девојките да се запознаат со луѓето од ИТ секторот, да се запознаат со целите на Girls in Tech и да остварат партнерство и идна соработка со застапници од различните сектори, вклучувајќи го и владиниот сектор и странски делегати кои присуствуваат во земјата. Настанот е бесплатен, но треба да се резервира место. Повеќе детали ќе најдете на на Facebook.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top