0 коментари 4 мин. читање 23 ноември, 2015

Производ на денот од Brainster: Ravean е јакна што го полни вашиот телефон

(„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите)


Конечно на пазарот се појави јакна што ве грее но и удобно и стилски може да се носи како на планина така и во канцеларија, без притоа да изгледа несоодветно. Обиди за креирање на ваков тип на јакна имало и порано, но другите решенија беа скапи, не изгледаа убаво и/или имаа проблем со технологијата. Ravean има за цел да најде решение за овие недостатоци да се отклонат и сакаат да ги презентираат јакните кои можат да се носат насекаде, кои се како стилски и трајни, така и топли и пријатни.

Слоевито облекување – тоа е она што секогаш ни го кажуваат. Без разлика дали ви се потребни за да се справите со брзото менување на временските услови или едноставно е брутално ладно, сите велат дека ќе се згрееме ако се облечеме во слоеви. Но Ravean сметаат дека мора да има подобар начин, па создадоа јакна тешка 80 грама, дизајнирана за да одржува пријатна температура на телото без оглед на условите кои владеат надвор. Ravean С6 јакната која грее има систем кој е создаден за да ги грее корисниците кога надвор е студено. Заборавете на проверка на временските услови, заборавете пакување повеќе парчиња облека и заборавете на облекувањето во слоеви. Со Ravean С6 ќе бидете сигурни дека сте подготвени, без оглед на временските услови.

Никој не сака да предвидува каква ќе биде надворешната температура. Тоа е една од причините за развојот на јакната која ви овозможува да ја контролирате вашата внатрешната температура, без разлика што се случува надвор. Создаден е систем за греење Ravean С6 кој е водоотпорен и издржлив и во вашата машина за перење. А за да ја здобијат довербата на потрошувачите секоја јакна доаѓа со 5-годишна гаранција на системот за греење. Лесната батеријата може да ги полни сите мобилни уреди. Акумулаторот на батеријата се полни за помалку од 90 минути, и може целосно да го наполни вашиот мобилен уред дури 6 пати. Уживајте во вашиот активен животен стил и останете поврзани.

b6d18f0cb8c30fd6d82e566be0d03211_original

Raveаn нуди различни типови како јакна со качулка, јакна без качулка, елек, дуксер и ракавици како додаток. Постојат варијанти за мажи и за жени и во моментов можете да порачате само преку Kickstarter. На пример, ако сега порачате една јакна без качулка, ќе добиете и ракавици и 12V батерија и полнач и сето тоа со испорака до Македонија би ве чинело 200 USD. Јакната би можеле да ја добиете во Февруари 2016г. Сепак е убаво да се размислува однапред и да се биде спремен за наредната зима. Колку од вас се спремни да ја тестираат јакната од иднината?

Ве очекуваме,
Brainster заедницата

Напишано од

Brainster

Brainster.co е македонска едукативна платформа која цели да го модернизира образованието. Започнуваат во Скопје, со планови да се прошират во Атина, Софија и други градови. Конечната цел е да изградата глобална заедница на едукатори.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top