1 коментар 1 мин. читање

Дуна Компјутери ја претстави iUltima за iPad

iUltima е бесплатна верзија за iPad на бизнис софтверот Ultima на Дуна Компјутери. Ultima е ERP софтвер за менаџирање на ресурсите за мали или големи бизниси, од дистрибуцијата на продукти до менаџирање на маркетинг материјалите.

iUltima e додаток на тој софтвер со идеја да се искористи користи мобилноста на iPad-от за да може компаниските информации да се користат додека се работи на терен.

Преку апликацијата за таблет компјутерот можат да се отвараат и закачуваат нови документи и извештаи, и истите да бидат синхронизирани со централната бази на податоци на компанијата. Корисниците можат да креираат понуди и извештаи директно на iPad кои веднаш можат да ги пратат преку имејл или да ги испринтаат.

iUltima ќе функционира само за корисниците т.е. бизнисите кои веќе користат некој од Ultima пакетите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top