Creative Commons апликација за Facebook

во Веб

{mosimage}Facebook е место каде што постојано ги објавувате своите фотографии, видеа, можеби и песни, текстови … Епа сега можете да си ги заштитите. Creative Commons објави апликација за Facebook со која ќе може да си ги лиценцирате своите дела. Со Creative Commons апликацијата ќе можете да го закачите логото од 1 од шесте лиценци покрај вашите фотографии и видеа. Според „Условите за користење“ на Facebook, корисникот ги има сите права на содржината која ја постира на неговиот профил. Но на таа содржина има право и Facebook.

Од друга страна Creative Commons лиценците го заштитуваат авторот на делото така што, во сите шест лиценци, бараат од секој кој ќе ја користи содржината да го наведе изворот на истата. Така на пример, ако некој искористи ваша слика, ќе мора да наведе дека вие сте авторот на сликата. Секако, постојат шест лиценци секоја со свои карактеристики.

„Корисниците имаат и опција што ќе дозволи апликацијата сама да го обновува статусот, па така вестите за лиценците ќе се појават на фидовите на нивните пријатели. Со селектирање на оваа опција ќе помогнете апликацијата да привлече публика, и да ги охрабри да ја користат“ вели Фред Бененсон, креаторот на апликацијата.

{mosimage}

Моментално лиценците не можат да се врзат за индивидуални фотографии, видеа и слично, туку мора да се лиценцираат сите дела од една мултимедијална категорија.

„Има некои ограничувања на апликацијата и таа треба да се гледа како бета, така да се извинуваме однапред ако некои работи не функционираат соодветно“ вели г-дин. Бененсон.

Повеќе за Creative Commons лиценците:




Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk