Откако во минатите неколку години Dropbox неколкупати беше жртва на хакерски напади, за да ги спречи ваквите случаи во иднина, сега веб складиштето воведува „двојна верификација“. Тоа значи дека ќе ви бидат потребни два докази за да пристапите до вашата сметка. Првиот е вашата лозинка, а вториот е кодот што ќе биде испратен до вашиот мобилен телефон.
Оваа опција не е задолжителна, но за ваша безбедност и податоците што ги чувате на Dropbox, е многу препорачливо да ја активирате.
„Откако ќе ја овозможите оваа опција, секогаш кога ќе се најавувате од нов уред, покрај лозинката, ќе биде потребно да внесете и безбедносен код кој ќе го добиете по пат на SMS.“
За да ја активирате оваа опција, кликнете на вашето име во десниот горен агол → Settings → Security и во делот „Account sign in“ можете да ја активирате „Two-step verification“ можноста.








