0 коментари 1 мин. читање

Dropbox им дава гратис 1 GB на корисниците кои ќе се поврзат со Mailbox

Сервисот за складирање на фајлови во облакот, Dropbox, на своите корисници им нуди дополнителни 1 GB простор доколку ја поврзат својата Dropbox сметка со Mailbox. За жал, оваа понуда важи само за корисниците на iOS, бидејќи во моментот Mailbox не е достапен за другите оперативни системи наменети за паметните телефони.

Сè што треба да направат корисниците откако ќе ја инсталираат Mailbox апликацијата е да отидат во Settings и да притиснат на Dropbox копчето, така што ќе ја поврзат својата Mailbox сметка со својот профил на Dropbox. Доколку веќе ги имате поврзано двата профили, само раскинетете ја врската и повторно поврзете ги за да ги добиете тие 1 GB гратис простор. Понудата е толку добра што дури и да не користите Mailbox, кој е ограничен само на Gmail профили, сепак вреди да ја инсталирате, да ги грабнете 1 GB бесплатен простор и да бегате, односно да ја избришете апликацијата.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top