0 коментари 2 мин. читање 23 август, 2013

Стив Балмер ќе се пензионира во следните 12 месеци

Стив Балмер во следните 12 месеци би требало да ја напушти позицијата на извршен директор на Microsoft. Г. Балмер во своето отворено писмо ја објави целосната причина зошто се повлекува од својата позиција и смета дека процесот на избирање на неговиот вистински наследник е завршен.

„Тргнавме со нова стратегија, нова организацијата и со неверојатен тим за раководење. Моето заминување во пензија се случува при процесот на трансформација на оваа командија – од уредите и услугите кои ги нудиме. На Microsoft му е потребен нов извршен директор на долги стази за оваа нова насока“

Стив Балмер во Microsoft се има приклучено во 1980 година, и беше првиот бизнис менаџер во компанијата и во 2000 година го замени Бил Гејтс како извршен директорот. Наследникот на г. Балмер ќе биде избран од специјална комисија во која членува и основачот Гејтс. Со пензионирањето, г. Балмер ќе заработи неверојатни 1 милијарда долари од продажбата на акции.

„Никогаш нема перфектно време за ваква транзиција, но сега е правото време.“, вели г. Балмер.

[youtube]8To-6VIJZRE[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}