Apple купи уште еден стартап за мапирање Embark

во Мобилни

Apple Maps сè уште се очајно лоши. Знаејќи дека Apple не планира да се врати на соработката со Google Maps, тогаш единствено решение за да се подобрат мапите е да се купуваат стартапи кои имаат уникатни решенија за мапирање.

Според новинарката на Washington Post, Џесика Лесин, Apple го купил Embark, стартап oснован во 2011-та година кој се занимава со мапирање на јавниот превоз во неколку американски градови. Цената на аквизацијата е непозната, но изворите велат дека технологијата на Embark ќе биде веднаш имплементирана во Apple Maps.

Секогаш таинствениот Apple потврди дека „од време на време купуваме мали технолошки компаии, но генерално не коментираме за нашите цели“. Пред само еден месец Apple го купи канадскиот стартап за мапирање на бизнис локации, Locationary за необјавена сума.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments