Dragon Is Dead: Roguelite акциона авантура во светот на змејовите

Dragon is Dead е интригантен наслов кој ветува интензивна hack-and-slash акција, длабочина на roguelite механики и предизвик поврзан со платформските механики. Доколку сакате да навлезете во една преубава ретро-инспирирана авантура, полна со неочекувани пресврти, играта на TeamSuneat неодамна излезе од раниот пристап на Steam.

Еден и единствен

Приказната во Dragon is Dead нè носи во свет каде што сите змејови кои им се спротивставиле на боговите се уништени, освен еден – Гуерниан. Како водач на темните змејови, Гуерниан целосно ја има прифатено темнината, ширејќи, полека, но сигурно очај и страдање низ целиот свет. Вашата задача е да се пробиете низ брановите на неговата корупција, да го пронајдете и да го уништите. Полесно е, верувајте, да се каже отколку да се направи таквото нешто.

Dragon is Dead нуди возбудливо искуство фокусирано на борба против извитоперени чудовишта и гигантски, застрашувачки непријатели создадени од Гуерниан. Располагајќи со широк арсенал на вештини и опрема, ќе добиете пристап и до специјални руни на змејски јазик кои ги засилуваат ефектите на вашите способности. Клучот за успехот лежи во препознавањето на шаблоните на движење и напад на непријателите, како и искористувањето на нивните слабости.

Како roguelite наслов, смртта не е крај, туку дел од процесот на учење и зајакнување. Секој пораз нуди можност за усовршување на вештините, совладување на способностите и опремување со помоќна опрема. Играта овозможува голема доза на прилагодување преку различни дрва на вештини за уникатните карактери и можноста за создавање на легендарна опрема. Интересен аспект е што играчите ја задржуваат моќта на својата опрема и руни дури и по смртта, а легендарната опрема може да се изработи со собирање и комбинирање на руни од поразените демони.

Артефактите што ги опремувате активираат различни синергии во зависност од нивната комбинација. Пронаоѓањето на најдобрите синергии за специфичниот стил на игра и избраните вештини ќе доведе до моќен раст и значително ќе ги зголеми шансите за успех против силите на Гуерниан.

Dragon is Dead е привлечен наслов за љубителите на акциони платформери со силни roguelite елементи. Комбинацијата од брза борба, длабоки системи за прилагодување и предизвикот да се надминат повторените порази за да се постигне крајната цел – уништувањето на Гуерниан – нуди потенцијал за многу часови ангажирачка игра. Доколку сте подготвени да се соочите со бескрајни орди на демони, да ја усовршите вашата борбена вештина и да експериментирате со безброј комбинации на опрема и вештини, Dragon is Dead е игра само за вас!  

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk