0 коментари 4 мин. читање 13 јуни, 2025

Интерпол со „Operation Secure“ неутрализира илјадници малициозни IP адреси и домени

Интерпол продолжува со успешните акции против сајбер криминалците. Во координирана операција наречена Operation Secure, успешно се отстранети над 20.000 малициозни IP адреси и домени поврзани со т.н. „infostealers“. Акцијата, е спроведена од јануари до април 2025 година и претставува значаен чекор во борбата против растечката закана од сајбер криминал. Во рамките на акцијата соработувале агенции за спроведување на законот од 26 земји.

Запленети 41 сервер и над 100 GB податоци

Operation Secure“ е плод на заедничка работа на полициски сили од 26 земји, кои работеа заедно на лоцирање сервери, мапирање физички мрежи и отстранување на инфраструктурата на сајбер криминалците. Пред почетокот на операцијата, Interpol тесно соработувал со партнери од приватниот сектор. Дел од нив се  Group-IB, Kaspersky и Trend Micro. Соработката вродила со плод. Заеднички се изработени детални Извештаи за сајбер активности, кои обезбедиле клучни разузнавачки информации за безбедносните тимови низ Азија. Во акцијата се отстранети дури 79% од идентификуваните сомнителни IP адреси.

Во текот на операцијата, се запленети 41 сервер и над 100 GB податоци, а уапсени се 32 осомничени лица поврзани со нелегални сајбер активности. Овие бројки ја покажуваат ефективноста и потребата од меѓународната соработка во справувањето со сајбер заканите. Истовремено ја покажуваат и опасноста од сајбер криминалните групи кои долго време ги собирале овие податоци.

„Interpol продолжува да ги поддржува практичните, заеднички акции против глобалните сајбер закани. Operation Secure уште еднаш ја покажа моќта на споделување разузнавачки информации во растурање на малициозната инфраструктура и спречувањето на голема штета како за поединци и за бизниси.“, вели Нил Џетон, директор за сајбер криминал во Интерпол.

По завршувањето на операцијата, учесниците во акцијата известија над 216 000 потврдени и потенцијални жртви, за веднаш да преземат мерки. Главно треба да  ги променат своите лозинки, но и да бидат свесни за идните опасности од фишинг.

Во Виетнам уапсен лидерот на групата

Иако операцијата координирана од Interpol, најголемиот успех на операцијата го направи виетнамската полиција. Во Витнам се уапсени 18 осомничени, а од нивните домови и работни места се запленети различни уреди. Кај водачот на групата се пронајдени над 300 милиони виетнамски донга (околу 11 500 американски долари) во готовина, СИМ картички и документи за деловна регистрација.

Во Шри Ланка и Науру, властите извршија рации на домови. Уапсени се 14 лица, 12 во Шри Ланка и двајца во Науру. Од податоците кои се соберени во Шри Ланка и Науру идентификувани се 40 жртви.

Во Хонгконг полицијата анализирала над 1700 разузнавачки информации добиени од Interpol. Успеале да идентификуваат 117 контролни и командни сервери хостирани кај 89 интернет провајдер. Серверите биле користени од сајбер криминалци за лансирање и управување со малициозни кампањи, вклучувајќи фишинг, онлајн измами и измами на социјалните медиуми.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top