0 коментари 3 мин. читање 9 февруари, 2012

Дознајте кои ви се најпопуларните и највредните пријатели на Facebook и Twitter

MVF или My Most Valuable Follower/Friend е веб апликација што служи буквално да најде кои од вашите пријатели е највреден. Што во превод повеќе би значело дека MVF пребарува кој од вашите пријатели е најпопуларен, поточно има највеќе пријатели. Луѓето позади оваа алатка Алекс Тауб и Мајкл Шонфелд, велат дека се пресметува и реткоста како фактор, што и да значи тоа во случајов.

За да ја користите оваа алатка вас ви е потребно само да имате Twitter или Facebook профил, да кликнете на следниот линк и да следите едноставни упатства: http://mvfapp.com. А ако го споделите резултатот за највредниот пријател што го имате, ќе ви се прикажат и другите 5 највредни пријатели.

Оваа алатка нагло се прошири и стана доста популарна иако едноставно ви прикажува кои од вашите пријатели имаат највеќе пријатели, но замислете го потенцијалот за копање низ сопствените информации ако се направи алатка која прави детална анализа на секојдневните интеракции на пример: кое време сте најактивни, кога најчесто поставувате музички видео клипови на Facebook и слично. Вакви апликации можат да имаат огромна конкретна корист за нас бидејќи служат како еден вид Life Log кој лесно може да се анализира.

Моќните алатки за анализирање на посетите на веб страните со точни информации од каде колку и како влегуваат во интеракција луѓето што ни ја посетуваат страната би можеле да се искористат во овој случај како доста корисна алатка за прегледување на нашиот живот. Ваква уникатна перспектива врз сопствениот живот може да биде многу корисна ако се искористи заедно со моќта на статистичката анализа.

Наједноставен пример, може преку тоа што ќе се анализираат вашите пишани статуси, да се открие кога највеќе користите покомплексни зборови, и преку тоа ако постои корелација, да се забележи кој период сте најсконцентрирани и интелектуално плодни.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top