Аlta Devices, компанија базирана во Калифорнија, успева да добие 23,5 проценти ефективност со нивните соларни колектори, а уште пофасцинантно, компанијата Semprius од северна Каролина успева да постигне 33,9 проценти ефикасност со нивните концентрирани фотоволтежни ќелии што користат леќи за да ја фокусираат светлината на сонцето околу 1.000 пати. Овие резултати се проверени од трета фирма, неповрзана со овие компании.
Едно нешто што двете компании го споделуваат освен рушењето на рекорди во специфичните класи на соларни колектори, е тоа што двете го користат материјалот наречен галиум арсенид за да направат поефикасни ќелии што ќе испијат повеќе светлина од предходните соларни ќелии базирани на силикон, што во основа е поефтин од галиум арсенидот. Но, количеството на галиум арсенид што се користи е доволно за да почнеме да живееме со идејата дека соларните колектори наскоро можат да станат поефтини и исплатливи дури и без огромни субвенции од државата.
Целта на двете компании е да ги усовршат нивните технологии за да искористат минимална количина на галиум арсенид и да ја симнат цената на соларните ќелии за да парираат на слободниот пазар наспроти другите извори на енергија.







