1 коментар 2 мин. читање 3 ноември, 2021

Дознајте кои програми го трошат вашиот интернет со најновата верзија на Glass Wire

Апликацијата која ја одбравме да ја претставиме денес знае да биде особено корисна за сите оние што сакаат да знаат кои програми кога и на кој начин го трошат интернетот во позадина, односно без ваше знаење.

По инсталирање на алатката, добивате известувања во форма на десктоп нотификации или во форма на извештаи (помалку важни работи). Паралелно со ова, преку одделот Alerts добивате известувања за тоа што и како се трошело интернет додека не сте работеле на компјутерот. Па така, можете да дознаете дали некои програми се приклучувале кон непознати сервери или пак менувале одредени поставки во системот.

Најголемиот проблем со GlassWire е бизнис моделот кој стои зад наплатата. Имено, седум дена можете да ги користите сите опции, но по истекот на времето можете да се префрлите на основниот план кој чини 30 евра, а пак не ги отклучува сите опции.

Имајќи го ова во предвид, проверете ја апликацијата тука!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top