„Custom“ податоци со слики, полиња и многу повеќе пристигаат во Excel

во Вести

Одлична вест за сите „power“-корисници на Excel. Microsoft ќе додаде „custom“ податоци кои корисниците ќе можат сами да ги креираат. Податоците можат да содржат слики, полиња (array) и повеќе пишува Verge.

„Овие пофлексибилни структури даваат можност за организирање сложени податоци во објекти и презентација на овие податоци на корисниците на поприроден начин“, вели Ванги Меккелви, од Microsoft 365. „Корисниците може да ја споделaт моќта на податоците низ целата компанија и да креираат додатоци (addins) или решенија кои можат да ги поврзат типовите на податоци со сопствениот сервис или податоци“.

Ова ќе биде овозможено преку нов Javascript API кој ќе биде додаден на Excel веќе од следниот месец. Апито ќе ја отвори платформата за покомплексни податоци кои може да содржат матрици, полиња, слики, форматирани вредности. Ова ќе биде и дополнителна надградба на Excel кој веќе овозможува макроа и податоци, но со проширувањето ќе биде олеснета имплементацијата.

Повеќе информации за Javascript API во Excel ќе има кон крајот на месецот кога и официјално ќе биде претставено.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post „Custom“ податоци со с… appeared first on […]