Денеска, запрепастува бројот на онлајн продавници кои продаваат клучеви за дигитални игри. Бројни игри често се на огромни попусти и просечниот гејмер има на располагање многу добри игри за малку пари. Но, снаоѓањето низ нивните веб страни знае да биде предизвик, особено доколку сакате да ви се прикажат игрите според највисоки попусти, (историско) најниски цени и ред други параметри како време на излегување, продавници, претплати, рецензии и слично.
GG. DEALS е една од најдобрите веб страни каде се листаат игрите онака како што баш вие сакате, на начини преку кои наједноставно ќе ги откриете најдобрите зделки за вас.
Откако ќе го посетите сајтот, инстантно ќе дознаете кои се најновите, најдобрите или историско најниските зделки, заедно со листи од најпопуларни игри, пакети од игри, бесплатни игри и слично. Преку категоријата Deals, листите кои се генерираат се од официјални и неофицијални продавници. Наш совет е да си немате работа со неофицијалните продавници како Gamivo, затоа што ем кријат скриени трошоци на цената за клучот што го продаваат ем од петни жили се трудат да ви наметнат месечна претплата.

Сајтовите како gg.deals се особено корисни во ситуации како со моментната распродажба на Epic. Од официјалната продавница потешко можете да се снајдете со пласирањето на најдлабоките попусти, но од тука, се е попрегледно и едноставно. Се надеваме ќе ви користи сајтот. Пријатен шопинг! :)







