0 коментари 2 мин. читање 19 декември, 2022

Менувајте ја десктоп позадината во зависност од песната која ја слушате во моментот, со AlbumPaper

Самиот Windows оперативен систем има одлична вградена алатка за автоматско менување позадини. Но, што доколку сакате целава оваа ситуација да ја издигнете за еден дополнителен степен и да наместите позадината да се менува во зависност од песната која ја слушате во моментот?

Третата верзија на AlbumPaper се поврзува со Spotify, односно Last.fm преку употреба на API клучеви, и потоа секојпат кога ќе пуштите музика од некоја од овие две алатки, и самата позадина ќе се менува и ќе ви ја прикажува сликата од, обично, албумот на изведувачите.

Иако е за пофалба уникатната идеја која стои зад алатката, сепак не ни се допаднаа две работи. Првин, алатката работи само или преку Spotify или преку Last.fm. Тоа значи дека ако сакате да стримате, односно слушате музика преку друга платформа или алатка, нема да можете да го добиете истиот ефект. Како надоврзување на ова, процесот не е автоматизиран и потребно е да ги засукате ракавите за да ги поврзате алатките со AlbumPaper, што знае да ги обесхрабри помалку вештите корисници. И, како втора работа, сликите се мали, 600 пиксели, што е поразително за корисниците на големи екрани кои сакаат „поквалитетен“ приказ.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top