Достапен е слободниот едитор за документи LibreOffice 3.5

Document Фондацијата го најави својот најнов бесплатен Office Suit која е третата поголема итерација до сега. LibreOffice е развиван од волонтери хакери и искусни програмери и за време од 16 месеци, просечно 80 развивачи секој месец праќаат код, развивајки нови карактеристики правејки го LibreOffi сè уште помоќен.

Некои од позначајните новитети што ќе ги забележите во новата верзија се проверувач на граматика за англиски, интерактивен бројач на зборови што брои како пишувате, способност за увезување на PPT/PPTX форми, подобри перформанси при увезување на проекти од други Office Suits и друго.

Ако купување на Microsoft Office не ви е на листата на работи што треба да ги направите, овој слободен софтвер може да замени многу од одликите на Microsoft Office, но апсолутно бесплатно.

LibreOffice 3.5 можете да го симнете за Windows, MAC OS X и Linux тука: http://www.libreoffice.org/download

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Бојан
Бојан
9 years ago

Го немам инсталирано но од она што го разгледав по интернет, мислам дека е одличен. Супер алтернатива на екстра скапиот Office на Microsoft. Најмногу одговара за компаниите кои наместо да плаќаат по 200-300 евра за лиценца по компјутер, сега ја имаат сета таа функционалност бесплатно. (со новите инспекции за легален софтвер, ризикуваат големи казни доколку користат нелегален софтвер).
Заслужуваат поддршка, а пред се мислам дека мора да се промовираат се повеќе и повеќе. Многумина сеуште се неинформирани за овие софтверски пакети.