0 коментари 2 мин. читање 15 февруари, 2012

Proview сега сака да го блокира извозот на iPad од Кина

Одкако Proview ја добија правната битка за iPad името во Кина, и кинеските власти почнаа со одстранување на iPad од некои продавници, сега Proview бара Apple да престане со увоз и извоз на iPad уреди, со што фактички би ја оневозможила дистрибуцијата на Apple што за iPad 2 во последните три месеци достигна 15,4 милиони уреди.

Ова може да претставува сериозен проблем за Apple ако помине на кинеските судови затоа што Apple ги произведува своите iPad tablet компјутери во Кина. Правниот притисок што Proview го прави и неодамна зголемува доаѓа во најлош период за Apple затоа што наскоро се ближи најавата на својот iPad 3 која треба да се случи во првата недела од март.

Адвокатот што ги претставува Proview, Роџер Ксие вели дека сакаат да ги сопрат сите производи што го прекршуваат заштитниот знак на Proview во Кина, тврдејки дека ќе се трудат да се прекине увозот и извозот на iPad компјутери. Навистина чудно е како извозот на Apple уреди надвор од Кина, влијае на заштитниот знак на Proview во Кина, но ова е правна битка што Apple треба да ја добие или да се договори со Proview во најбрз можен рок.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top