Веќе добро ни се познати графичките способности на Unity енџинот на мобилните уреди преку игри како Shadow Gun на Mad Finger или Bladeslinger, но сега можете да ја играте Portal, каде и да сте, затоа што еден неофицијален тим ја имаат портирано целата Portal игра преку Unity.
Иако сè уште постојат багови и не е баш измазнета, ова е верзија 0.0004 бета, сепак интересно е да се види една од култните игри од PC на мобилните направи, како што неодамна се случи со Grand Theft Auto 3 за 10 годишнината на Rockstar games, кога издадоа потполен port на култната GTA игра изненадувачки дури со подобра графика од оргиналот. Исто така од неофицијален тим, неодамна беше портирана Counter-Strike на Android, што сигурно би ги интересирало нашите фанови на Counter-Strike иако сè уште е во рана фаза со отприлика 900 онлајн играчи.
Поради раната бета верзија, во Android верзијата на Portal сè уште не се сите нивоа рекреирани, но се работи на случајот. Ако имате ARMv6, ARMv7 PowerVR или Tegra2 тогаш постојат компатибилни верзии на оваа игра што можете да ги симнете овде.
На нас останува само да почекаме неофицијалниот тим да ја доврши и измазни играта за да може и ние неофицијално да размислуваме преку портали. Што се однесува до тортата, таа е лага.
[youtube]6e9JhE9miOg[/youtube]







