0 коментари 2 мин. читање 11 јуни, 2015

Doodle Draw е првата игра на Facebook Messenger

Чекор по чекор, Facebook го претвара Facebook Messenger во комплетна апликација за забава и комуникација. Му додаде тон емотикони, од неодамна видео повици и сега чет апликацијата која има над 600 милиони корисници ја доби и првата игра. Doodle Draw for Messenger е наивна игра, но значајна бидејќи го претвара Messenger од апликација во платформа за забава.

Во играта корисниците можат да нацртаат нешто, потоа да го споделат со пријателите кои треба да погодат што е на цртежот. Колку повеќе играте, добивате повеќе поени, вообилаено поени се добиваат и за испраќање покани до пријателите. Овие поени можат да се користат за проширување на основната палета на бои кое во почетокот е ограничена. Идејата е секако да привлечете што е можно пријатели за вие да може да бидете подобри во играта.

Иако Messenger може да биде забавна платформа за друштвени игри, постои опасност дека ќе се пренесе искуството од Facebook, па постојано ќе добивате покани за игри, што доколку игрите ви се допаѓаат можеби ни нема да ви пречи. Но, искуството со тајмлајнот на Facebook укажува дека ваквите нотификации се еднакви на спам кој заменува можеби поквалитетна содржина.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top