Пиволенд, во соработка со CodeWell, стартуваа официјална апликација за фестивалот кој ќе се оддржи од 29-ти август до 2-ри септември на паркинг просторот пред спортскиот центар Борис Трајковски.
Android апликацијата не е ништо посебно, но е доволна. Нуди преглед на пивата кои ќе можат да се најдат на фестивалот чии врата се отворени за сите, и преку неа може да најдете детали за програмата преполна со музички имиња како Рамбо Амадеус, Negative, Drum’n’Zez, The John, Pumpers и многу други.










Како и се од нив, очајно лош дизајн.
Нит е прегледна апликацијата, нит можеш да си направиш план на пример, нит има мапа кое пиво каде е, бара онлајн пристап за пивата (што нема потреба)
Со еден збор, катастрофа и од дизајнерска и од функционална страна.
Pomalku zboruvajte poveke pijte ;)
Апликацијата е сосема user-friendly во однос на снаодливост, читливост и не-пренатрупаност во менијата и тоа е најважниот критериум за една мобилна апликација.
Зошто ми ги бришете коментарите? Ептен голем кредибилитет имате како страна, секоја ви чест, не оставате читателите да остават свои мислења!
Ако ве платија да ги промовирате тоа не значи дека не треба и ние да даваме мислења.
Мојот коментар не содржеше навредлива содржина по ниту еден основ.
Напротив, споредбата ти беше навредлива кон луѓето со Даунов синдром. Слободно можеш да коментираш и да критикуваш, но може да се потрудиш да го направиш тоа да звучи малку попаметно. Ако интерфејсот не ти се допаѓа, можеш да аргументираш и критикуваш зошто, а не да тропаш глупости за сериозни болести со кои сакаш да навредиш некого поради еден интерфејс.
Коментар со критики за „кредибилитет“ и „ви платија да промовирате“ никогаш нема да го сфатам сериозно. Кога се работи за бесплатна апликација и бесплатен фестивал е малку претерано. Секоја реклама на IT.com.mk е означена дека е реклама. Ова не е.
Незнам што си пишувал, но како можеш да тврдиш дека сајтов ја "промовира" апликацијата кога самите тие погоре напишале дека апликацијата "не е ништо посебно"..!?