Dell повторно се враќа во фокусот на ИТ индустријата, сo најголемата aквизиција во историјата на техничките компании. Dell потроши неверојатни 67 милијарди долари за да го купи EMC, и иако цената можеби изгледа превисока, сепак е исплатена за една од најголемите компании за складирање на податоци, сервери и безбедност. Токму ова е она што ѝ е потребно на компанијата за раст надвор од производството на персонални компјутери и можност за влез во коорпоративните сервиси, вели New York Times.
„Спојот на Dell и EMC создава супермоќен ентитет за решенија за компании. Нашата компанија ќе биде во одлична положба за раст во најстратешкиот регион на следната генерација на ИТ,“ вели Мајкл Дел. Dell е сопственик и на EqualLogic, компанија која исто како и EMC продава простор за податоци. Иако најголем дел од EMC ќе остане во Dell, компанијата најверојатно ќе биде преструктурирана и делови ќе бидат продадени. Најверојатно секторите за складирање, облак сервисот и Big Data ќе останат со компанијата, а останатите можеби и ќе бидат распродадени, вели Techcrunch. Дел од средствата кои се искористени, всушност најголем дел од нив, 40 милијарди се за покривање на долговите на EMC, од Dell најверојатно веќе знаат кои делови од новата аквизиција мора да си „одат,“ но барем за сега нема податок за насоката во која ќе се движи преструктурирањето.
За разлика од Dell кој сите функции на компанијата ги спојува во една суперкомпанија, нивниот традиционално најголем конкурент HP се подели на две нови компании.