0 коментари 2 мин. читање 11 јуни, 2012

Аndroid не може да ги искористи двете јадра на процесорот, вели Intel

Intel, најголемиот производител на процесори, ги критикува производителите на мобилните телефони и Android ОС, велејќи дека џабе се претставуваат телефони кои работат на процесор со две или повеќе јадра бидејќи Android не е оптимизиран за нив. Всушност Android работи полошо на повеќе јадра, вели Intel повикувајќи се на свои тестови.

„Направивме наши тестови и во некои случаи второто јадро значи полоши перформансите поради тоа што некои луѓе не го имплементирале добро.“, вели Мајк Бел од Intel Mobile and Communications Group за The Inquirer. „Ги разгледавме имплементациите на повеќе јадра на процесорот, и искрено не ми е јасно што добивате од големинта и цената што оди за тој дел.“, вели г. Бел.

Тој објаснува дека повеќе јадра имаат смисла во ситуација каде уредот не е ограничен со моќ, односно не зависи од батеријата, бидејќи може целосно да се користат јадрата. Но, кога се работи за Аndroid, производителите не се обиделе да поработат на мобилниот оперативен систем.

„Како што е имплементиран денес Android не ги искористува ефективно процесорите со повеќе јадра, и мислам – искрено – дека оваа работа може да биде поправена од производителите кои го прават процесорите, но се чини дека не сакаат да се замараат со тоа.“

Оваа критика доаѓа во момент кога нивниот мобилен процесор Аtom пристигна на пазарот. Како што може да претпоставите, Atom има само едно јадро. Г. Бел одби да даде датум кога Intel ќе претстави Atom процесори со повеќе јадра, но рече дека работат на случајот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top