Disney+ ова лето пристига во Македонија

во ИТ.МК

Одлични вести за сите љубители на супер хероите од Marvel и Star Wars филмовите ова лето Disney+ пристига во Македонија. Disney Plus најави големо проширување во 42 држави и 11 нови територии за летото 2022 година.

Што е Disney+

Disney+ e стриминг (video on-demand) услуга која ви дозволува да гледате најразлични филмови и серии. На сервисот се достапни содржини кои ги продуцираат The Walt Disney Studios and Walt Disney Television. Содржината е поделена во Disney, Pixar, Marvel, Star Wars и National Geographic.

Сервисот не е врзан за платформа и е достапен за сите паметни телефони, таблет компјутери, конзоли, телевизори и компјутери.

Платформата во САД е достапна од 12 ноември 2019 година. Во октомври 2021 Disney+ имаше 118,1 милиони претплатници на пазарите на кои беше достапен.

Листата на држави и региони на кој Disney Plus доаѓа ова лето е долга и на нејзе покрај Македонија се најдоа и: Албанија, Алжир, Андора, Бахреин, Босна и Херцеговина, Бугарија, Ватикан, Грција, Египет, Естонија, Ирак, Израел, Јемен, Јордан, Јужна Африка, Катар, Косово, Кувајт, Латвија, Либан, Либија, Лихтенштајн, Литванија, Малта, Мароко, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Палестинските територии, Полска, Романија, Сан Марино, Саудиска Арабија, Србија, Словачка, Словенија, Тунис, Турција, Хрватска, Црна Гора и Чешка. Платформата ќе пристигне и на 11 територии помеѓу кои се Фарските острови и Гибралтар.

Засега нема детали за точната дата за излегување, но ниту за висината на претплатата и за програмата која ќе биде достапна. Висината на претплатата во САД е 8 долари месечно за Disney Plus. Веројатно најдобар избор ќе биде Disney+, во пакет со Hulu и ESPN+ за 14 долари месечна претплата за сите три „канали“ (ова секако под услов оваа понуда да биде воопшто достапна во Македонија).

Mandalorian, Ahsoka, Hawkeye, Boba Fett се само дел од сериите кои се најавени и веќе се емитуваат. За љубителите на Marvel, Disney најави дека продолжува серијата Defenders која започна на Netflix. Оваа година излегуваат и Ms Marvel, Andor, Obi-Wan Kenobi, Secret Invasion, Willow, She-Hulk и веројатно куп други серии и филмови.

Како Disney+ изгледа во споредба со конкуренцијата

Во Македонија веќе се достапни Netflix, HBO Go (веројатно наскоро HBOMax), Amazon Prime Video, a од неодамна во Македонија е достапна и Gley платформата за локална содржина.

Netflix и Amazon Prime Video

Веројатно освен содржината, нема да има никаква разлика помеѓу Netflix, Amazon Prime Video, и Disney+. Секако вистинско прашање е што и за колку пари ќе може да гледаме. Ако Disney+ дојде во пакет со Hulu и ESPN+ тогаш веројатно за љубителите на спортот пакетот на Disney ќе биде поинтересен.

Netflix има куп регионални продукции кои и помагаат на платформата да биде една од најпопуларните. Dark, Bordertown, Norsemen, Squid Game, Money Heist, Lupin и Borgen се дел од најпопуларните содржини на платформата.

Amazon Prime Video има одлична содржина за љубителите на фантастика: The Expanse, Wheel of Time, The Boys, Hunters…

Што се однесува до преводите на содржината, веројатно ниту една од трите платформи нема да има преведена содржина, па ако титлувањето ви е потребно тогаш ниту една од овие платформи не е соодветна.

HBO Go / HBO Max

Најголема предност на HBO Go во однос на сите останати стрим платформи е што сите содржини кои се достапни се преведени. Дополнително, на платформата се достапни куп популарни серии, од Friends до Game of Thrones и Sopranos.

Gley.mk

На Gley може да пронајдете преведена и локална содржина. За жал библиотеката на Gley е незначителна во споредба со сите конкуренти. Барем засега најголема предност и е издавањето и продуцирање на содржина од регионот.


Повеќе детали за висината на претплатата, како и за содржините на Disney+ ќе објавиме кога ќе има повеќе официјални информации.

Kоментари на статија (0)Што се дискутира на ИТ форум...

Нема одговори сè уште.

Loading new replies...

Одлични вести за сите љубители на супер хероите од Marvel и Star Wars филмовите ова лето Disney+ пристига во Македонија. Disney Plus најави големо проширување во 42 држави и 11 нови територии за летото 2022 година.

Засега нема детали за точната дата за излегување, но ниту за висината на претплатата и за програмата која ќе биде достапна. Висината на претплатата во САД е 8 долари месечно за Disney Plus. Веројатно најдобар избор ќе биде Disney+, во пакет со Hulu и ESPN+ за 14 долари месечна претплата за сите три „канали“ (ова секако под услов оваа понуда да биде воопшто достапна во Македонија).

Прочитај повеќе @ Disney+ ова лето пристига во Македонија ⋆ IT.mk

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments