Подобрете го квалитетот на вашите фотографии со помош на вештачката интелигенција

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Совети

Доколку сте како нас, тогаш сигурно имате стотици и стотици фотографии во вашиот телефон. Некои од фотографиите се со одличен квалитет, но некои, забележувате, се прилично матни. Квалитетот воопшто не ви го прави кефот, но не сакате да ги избришете поради она што го имаат овековечено. Во таквите ситуации би можеле да побарате малку помош од вештачката интелегенција.

Clipdrop е вебсајт преку кој можете да поставите матна, односно компресирана фотографија и да го подобрите нејзиниот квалитет за релативно брзо време.

За извлекување на поквалитетната верзија имате две процедури, од кои detailed ќе пружи подобри резултати, но бара повеќе време, а и пари. Штом поставите една до десет фотографии, изберете соодветна опција преку паѓачкото мени и лентата и кликнете на копчето Upscale!

Преку истиот веб сајт ќе најдете и бројни други алатки како:

  • алатка за отстранување одредени елементи,
  • алатка за прилагодување слики
  • алатка за трансформирање цртежи во вистински слики
  • алатка за отстранување позадини
  • и многу повеќе!

Што од алатките ви делува интересно? Имате подобар предлог? Кажете ни во коментарите!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments