Третото продолжение на култната видео игра Diablo сега влезе во јавна, но и затворена бета фаза. Потребно е да се има Battle.net профил и да се поднесе барање за пристап до бетата, и доколку сте доволно среќни, Blizzard ќе ви даде покана. (иако не сум сигурен дали во ова рана фаза има и покана за европските играчи. Бета тестирањето е ограничено на само англискиот јазик.)
Во бета верзијата сите пет класи се достапни за играње: барбаринот, вештерот, ловецот на демони, монахот и магионичарот, кои ќе се борат против Skeleton King кој е негативецот во бета приказната. Играчите ќе ги сретнат и другите карактери од Sanctuary кои ја раскажуваат приказната, и ќе имаат можност да ги пробаат вештините во играта и системот за креирање опрема.
Сè уште нема датум кога официјално ќе биде објавена играта. Blizzard знае да го одоговлече бета тестирањето, па можно е од стартување на бета до официјалното објавување да поминат два-три месеци. Во секој случај тоа одоговлечување ќе значи и посовршено третото продолжение на легендарната Diablo.
Погледнете ги првите 15 минути од Diablo 3 Beta.