Android не ни ја почитува слободата, вели евангелистот за слободен софтвер Ричард Сталман

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни, Софтвер

До кој степен Google ја почитува слободата на корисниците?, прашува легендарниот гуру за слободен софтвер и основач на Free Software фондацијата, Ричард Сталман во својата колумна во Guardian.

Според него, прашањето не е дали кодот на Android е отворен, туку дали им дозволува на корисниците да бидат слободни. Верзијата на Linux која е вклучена во Android не е целосно слободен софтвер, платформата користи не-слободен фирмвер и неслободни библиотеки. Изворниот код на Android верзиите 1 и 2 е слободен софтвер, но овој код не е доволен за да работи уредот, вели г. Сталман. Некои од апликациите што одат со Android не се слободни.

Google не го објави кодот од третата верзија на Android, велејќи дека кодот има грешки. Но, за тоа корисниците и програмерите треба да одлучат, вели тој.

„Необјавевувањето на изворните кодови на две верзии е загрижувачка помисла дека Google можеби планира да го лиценцира Android целосно; дека објавувањето на некои Android верзии како слободен софтвер е само привремена итрина да ја добие поддршката на заедницата да го подобри нивниот лиценциран софтверски продукт. Да се надеваме дека тоа нема да се случи.“

Според г. Сталман, иако кодот е слободен, сепак апликациите за Android не се доволни слободни. Всушност Android користи YouTube и Google Maps, апликации кои се лиценцирани; важни драјвери и фирмвер се лиценцирани, пример тие за Wi-Fi, bluetooth, GPS, 3Д графика, камера, звучниците, микрофонот… Дури и некои производители одбираат да ги блокираат корисниците да инсталираат сопствен модифициран софтвер, ретко кој го користи Replicant, верзија на Android со исклучиво слободен софтвер, но која поддржува само некои модели. Добро е што некои модели дозволуваат да се „рутира“ телефонот, вели основачот на GNU проектот.

„Android е чекор напред кон етички, контролиран од корисниците мобилен телефон со слободен софтвер. Хакерите работат на Replicant, но има многу работа за да се поддржат новите модели на телефони, и тука останува проблемот со фирмверот. Иако денешниве Android телефони се гледаат како помалку лоши од паметните телефони на Apple или Microsoft, сепак не може да кажеме дека ја почитуваат вашата слобода.“

(фотографијата е од Wikipedia)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
nnovica
13 years ago

супер што сте го фатиле текстов од гардијан. рмс, во право и визионерски, како и секогаш врпочем.

Anonimen
Anonimen
13 years ago

Целиот софтвер да беше слободен досега само еден ред код ќе се напишеше. Некои луге сакаат се да добијат без да платат ништо..

sid606
sid606
13 years ago
Reply to  Anonimen

Не е муабетот за тоа дали ние сакаме беспалтно… Идејата е јас би платил за андроид но да знам уште од самиот почеток дека тое е тоа а не прво една политика па послем друга политика!

DeshoDJ
DeshoDJ
13 years ago

Konecno nekoj pameten :) Bravo za izjavata

sid606
sid606
13 years ago

Вајда тоа и му беше идејата да стане популарен и потоа да го искешира. Се надевам дека се лажам…

види ги сите огласи на kariera.it.mk