Бугарската специјална единица за борба против организираниот криминал спроведе рации против двата најголеми торент сајтови во земјата, P2PBG.com и Elit-BG, кои заеднички имаат околу 750.000 корисници, пишува TorrentFreak повикувајќи се на локалните вести.
Во рациите, означени како „успешна борба против криминалот“ од бугарското МВР, се уапсени двајца администратори на страните, од кои едниот има само 17 години. Полицијата влегла на три локации во Перник, Габрово и Софија, каде биле сместени серверите на сајтовите. Компјутерите и опремата од трите места била запленета, но не и хостинг серверите на двата сајта бидејќи се наоѓаат во Германија.
На сајтот на P2PBG стои дека „Пристапот до секцијата за торенти е оневозможен. Зачувајте си ги гневните коментари“.








Шо ти работи страната кога ќе ка пуштиш па нормално прочитај што ти вика овде Компјутерите и опремата од трите места била запленета, но не и хостинг серверите на двата сајта бидејќи се наоѓаат во Германија. сајтот си работи ама не можеш да симнуваш торенти
Мене ми работат и двата.
И што. сајтот пак си функционира нормално, зборам за замунда.нет. Што мислите дали е можно и нашиве торент тракери да ги снајде истото ?
A zamunda ako ja skinat ke placam
hahahahahahaha !
isto!
некој не го почитува правилото "три пати мери, еднаш сечи" ( http://a1.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/40… ) но добро е, се исправивте :)