Џон Оливер пред три години во своето шоу Last Week Tonight објасни зошто е важна интернет неутралноста. Тогаш ги повика граѓаните на САД да го изразат своето незадоволство на страницата на FCC.
Сега три години подоцна, г. Оливер повторно ги објасни причините поради кои интернет неутралноста е важна. Федералната комисија за комуникација го усложни процесот за изразување на мислење. Но, тимот на г. Оливер го купи Gofccyourself.com кој ги автоматизира работите, и веднаш ве префрла на делот за оставање коментари.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари