Дали да ја играте Prey?

Долго очекуваната акциона-авантура во прво лице конечно излезе и доколку сè уште не сте го провериле миленичето на Arkane Studios, знајте дека пропуштате солидна научно-фантастична приказна во феноменално графичко опкружување и со инспиративна музичка подлога. По сè изгледа, ние не сме единствените со таквото мислење, особено доколку се консултирате со metascore оценката од 85 поени и 90% позитивни рецензии на Steam.

Morgan Yu ја истражува вселенската станица Talos I и се соочува со хордата од вонземни чудовишта користејќи оружја и моќи кои се крајно уникатни во изведбата и, според IGN Italia нудат длабок гејмплеј со тони од свежи идеи и бројни можности за преигрување (Gameblog.fr). XGN ја величи играта како одличен рестарт на една уште по одлична игра, а Game Informer признаваат дека покрај одредени неисполирани работи, Prey успева константно да импресионира, па дури и вчудовидува. We Got This Covered ја поставува некаде помеѓу Bioshock и Alien: Isolation, но ѝ даваат 70 поени, највеќе затоа што не можат да се помират со одредени багови и лошиот баланс при играњето. За разлика од Dishonored 2, претходната игра на оваа студио, Prey е подобро оптимизирана, но одредени места, како во собата со реакторот, знаат значително да ги тестираат способностите на вашиот хардвер.

Arkane препорачува Intel i7-2600K, 16 GB RAM и GTX 970 4GB, но поголемиот дел на играта би можеле да ја поминете непречено и доколку имате барем Intel i5-2400, 8 GB RAM и GTX 660 2GB (ова е минималната побарувачка за графички-осиромашен престој). Тука е и можеби најголемиот проблем кој се поставува со Prey. Како игра која се потпира на имерзивност и графички богато искуство, многумина не би можете целосно да уживаат во насловот без конфигурација која до некаде би можела да излезе во пресрет на препорачаната побарувачка иако, рака на срце, Prey е далеку од графичка пропаст со најниските поставки. За подобра споредба и скокови од една до друга графичка поставеност (low, medium, ultra) погледнете го следново видео.

Знаејќи го сево ова, останува и да видите дали бројните оружја и моќи се нешто што би можело да ве заинтригира. За таквата цел, следниот трејлер ќе заврши подобра работа отколку есеи од објаснувања.

Prey вампирски цица инспирација од Bioshock, System Shock и Half-Life, a ве наградува со прекрасни дизајни на нивоа и предизвикувачки непријатели кои бараат инвентивно комбинирање на способности и оружја. Во моментот кога ќе ја завршите петнаесет часовната кампања, шансите се исклучително високи да пробате одново преигрување не само за да видите во кој друг правец би можела приказната да ве одведе, туку и да пробате малку поразлично експериментирање во пристапот, употребата на оружјата и моќите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments