0 коментари 3 мин. читање 10 мај, 2017

Заштитете ја вашата анонимност со Privacy Badger и AnonTab

Неодамна ве запознавме со тоа каков дигитален отпечаток оставате секој пак кога се конектирате на интернет и какви последици би можеле да произлезат од таквото нешто. Овој пат, би сакале да ве запознаеме со алатките кои можат да ви помогнат да ја заштитите вашата анонимност независно дали користите Chrome, Firefox или Opera.

Privacy Badger e екстензија за прелистувач која спречува тајно следење на вашите прелистувачки навики и информирање на трети лица. Па така, доколку некоја реклама или трагач (tracker) ве следи низ неколку веб сајтови, Privacy Badger автоматски става крај на таквата упорност и ве симнува од нивниот радар. Со најновата верзија можете да ја спречите WebRTC технологијата да ја открие вашата IP адреса кога воспоставувате аудио или видео повикувања, да ги префрлите вашите подесувања против следење на друг прелистувач, како и да ја користите екстензијата во incognito, односно private режим на прелистување. Дополнително, имате целосна контрола врз тоа кои скрипти за следење се дозволени, а кои не, а, за олеснето прелистување ќе ви помогне и визуелниот системот кој инстантно ви сигнализира што е безбедно, а што не.

Тимот зад екстензијата, EFF, моментно работи и на верзија за прелистувачот Edge.

Од друга страна, AnonTab мајсторски забранува споделување детали за сајтовите кои ги посетувате и работите кои ги пребарувате. Како што знаете, најпознатите прелистувачи се одликува со режим за приватност (Incognito / private mode) кои не ги сочувуваат ваквите податоци кога прелистувате преку нив, но тоа никако не ве прави анонимни. AnonTab, како хибрид од екстензиите NoScript и HTTPS Everywhere, ви дозволува да отворите страна каде вашата IP адреса е замаскирана, сите скрипти за следење се блокираат, а излезните и дојдовните конекции се криптираат. Како дополнителен плус, со ваквото нешто станувате и имуни на бројни напади и од бројни штеточини (malware). Откако ќе ја активирате алатката, десен клик на кој било линк и изберете Open Link in AnonTab или пак директно впишете го линкот преку лентата со алатки.

AnonTab е одлично решение за Firefox и Opera, но работи и со Google Chrome, иако не е достапен преку нивната продавница.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top