Dexily е сервис кој на македонските музичари, но и на сите кои креираат видеа, ќе им овозможи платформа за споделување на своите видеа. Сервисот ќе биде достапен на почетокот на следната година, а засега новите корисници можат да пристапат само со покани.
Платформата сака да ги привлече гледачите со награди. За секој преглед корисникот ќе добива поени кои понатаму може да ги искористи за некој од производите кои ги нуди Дексили. Како ќе се финансира Дексили засега е нејасно, исто како и бројот на прегледи кои корисникот треба да ги направи за да може да добие некој од производите.
Првиот партнер на Дексили е гевгелиското дуо The G Notes, чии видеа се првите кои тест-корисниците можат да ги прегледаат за поени.
Концептот на Dexily, доколку се користи, може да биде и интересна платформа за откривање на талент.







