Конан О’ Брајан ја играше Final Fantasy 15

во гејминг

Познатиот водител и комичар Конан О’ Брајан е познат по својот серијал, Clueless gamer, каде игра одредени игри уште пред и да излезат и го споделува неговото мислење на начин на кој само тој знае.  Final Fantasy 15 требаше да го импресионира до бесвест, но наместо тоа, Конан, заедно со неговиот гостин – актерот Илајџа Вуд, истражуваа нови патеки на здодевност и бесцелност.

„Видео игра напишана од Џејмс Џојс“, изјави Конан помеѓу бројните исмејувачки коментари упатени на дизајнот на играта, како и стилот на облекување. „Ова е аниме верзија на Middle-Earth Entourage“. Проблемот за здодевноста која ја искусија Конан и Илајџа е во начинот на кој им беше сервирана играта и некако се скокаше од една здодевна работа на друга, без да се насочат тестерите на поинтересните сегменти од играта. Ова е одлично за Конан, затоа што му дава многу материјал за исмејување и плукање на играта, особено на крајот од видео материјалот кога се соочува со дел од тимот кои работеле на играта.

По десет години развивање, Final Fantasy 15 конечно излегува на 29 ноември за PlayStation 4 and Xbox One. Она што следи се извадоци од првите 15 часа од играта!

Final Fantasy 15 е акциона RPG игра во отворен свет, со стратешки елементи. Играта се очекува да биде вистинско технолошко чудо и да ве вовлече во неверојатен свет каде деноноќните циклуси и временските услови се распространети низ целиот свет и, во комбинација со елементите, влијаат на околината и живиот свет кој ја исполнува. На пример, типовите на непријателите, нивните броеви и моќ зависат од времето од денот, а дождот и употреба на магијата влијае на трошноста на облеката. Во поглед на борбениот систем, очекувајте слично нешто на системите од Kingdom Hearts серијалот and Final Fantasy Type-0, каде интерфејс од кој избирате напади е заменет со притискање на одредени копчиња и автоматско започнување на напад, одбрана или активација на магична способност или предмет.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk