Деца измислија начин на одржување на ветробранското стакло со реупотреба на вода од дожд

во Вести, Свет

Со реупотреба на водата од дождот Европа може да заштеди 6 милијарди литри вода годишно.

Идејата на братот и сестричката Даниел и Лара Крон од Германија може навистина да придонесе да се заштедат милијарди вода годишно. Всушност, наместо да ги бришеме капките вода од дождот кој се собира на ветробранското стакло, зошто не би ги собирале со цел повторно да ги употребиме преку прскалките?

Овие две деца дошле до ваква идеја кога минатото лето додека патувале со своето семејство почнало силно невреме. Меѓутоа, кога нивниот татко Грег се обидел со бришачите да го исчисти стаклото од насобраната вода и прашина, резервоарот за вода бил празен и стаклото станувало сè повалкано.

Така овие две паметни деца дојдоа до идејата да ја реупотребуваат водата од дождот, а нивната идеја всушност доби и прва награда на локалниот натпревар за наука и сега веќе се развива на тест автомобил во реална големина.

„Премногу истураше. Имаше вода насекаде, освен во резервоарот на бришачите. Тогаш со мојата сестра помисливме дека тоа е навистина смешно и наеднаш одговорот се чинеше очигледен. Едноставно, би можеле повторно да ја употребиме дождовната вода“, рече 11-годишниот Даниел од Јилих, Германија.

„Не можевме да поверуваме дека никој не се сетил на ова претходно“, додаде неговата 9-годишна сестричка Лара. „За да ја испробаме идејата, го расклопивме нашето противпожарно возило играчка и го прикачивме цревото на мал модел автомобил во аквариумот. Потоа додадовме систем за филтрирање за да се осигураме дека водата ќе биде чиста и функционираше навистина добро“, вели таа.

Возачите во просек користат околу 20 литри вода годишно само за чистење на ветробранското стакло. На патиштата низ Европа се проценува дека се движат повеќе од 291 милион возила, така што доколку во секој автомобил се инсталира ваков систем за полнење на резервоарот со вода, би се заштедиле речиси 6 милијарди литри вода на годишно ниво.

„Каква брилијантна идеја! Вакви иновации се есенцијални со цел уште повеќе да ја искористиме водата што и онака ја имаме. Потребно е сите ние да го промениме нашето однесување и што помалку да ја трошиме водата залудно, меѓутоа исто така ќе ни требаат и вакви паметни нови мали системи, како оној што го дизајнираа Даниел и Лара“, рече Ничи Расел, извршен директор во Waterwise.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk