Нов викенд пред нас и нова можност за дружење. Доколку сметате дека ова е ваш ден и дека среќата е на ваша страна, би можеле да добиете бесплатна игра на Steam. Remnant II е феноменална souls like акциона игра за која, на времето, имавме многу пофални зборови. Еден наш читател може да си добие клуч од оваа прекрасна, но предизвикувачка игра. Повеќе детали за нашиот гивавеј на крајот од овој текст!
Неделна дружба со Macross -Shooting Insight-, DeTechtive 2112, и Cosmic Paradox: Noire



Macross -Shooting Insight-: eксплозија низ времето и просторот
Зошто да ја играте?
- Фанови сте на овој долго-годишен серијал
- Интересна гејмплеј механика со мулти-перспективно искуство
- Синхронизирање на песните за време на сцените со акцијата
Дали Macross -Shooting Insight- пристигнува како добредојден додаток на легендарната научно-фантастична франшиза или е пак е неграндиозна, галактичка авантура? Иако играта е замислена да ја прикаже богатата историја на серијалот, да спои иконски пилоти, сакани пејачки и незаборавна музика во сосема ново, мулти-перспективно искуство на пукање, се чини дека фановите се поделени на две целосно спротивни групи.
Милозвучен хаос
-Shooting Insight- се истакнува со својот мулти-перспективен гејмплеј. Наместо да играте како еден пилот, вие го доживувате конфликтот низ очите на различни ликови од Macross универзумот. Овој пристап нуди поразлично искуство во играњето, бидејќи секој пилот се одликува со посебно возило и уникатни способности. Со беспрекорно скокање низ различни стилови на пукање и напредување, играта се труди да го одржува гејмплејот свеж и привлечен. Ликовите, меѓутоа, често разговараат на јапонски за одредени работи за време на битките, при што англискиот превод е премногу ситен во долниот агол. Нам ни беше апсолутно невозможно ем да читаме што зборуваат ем да се бориме.
Играта содржи одличен избор на омилени песни од фановите од целата Macross сага. Песните се составен дел од гејмплејот. Имено, со синхронизирање на песните за време на сцените се активираат низа бафови и дебафови. Одредени моменти низ песните ви дозволуваат да ја зголемите вашата огнена моќ, ефикасно да ги попречите непријателските напади и слично.

Во сржта на играта се крие интересен спој помеѓу визуелен роман и хаотично bullet-hell лудило. Доколку сте фанови на овие две работи, Macross -Shooting Insight- би можела да ви остави позитивен впечаток. Но доколку сте тврдокорни фанови кои апсолутно уживале во претходните игри и сакаат на ист начин да уживаат и во оваа, не би ви се премногу допаднала повторливата природа на механиките. И покрај ова, мулти-перспективниот пристап, комбиниран со стратешката употреба на музика и убедлив наратив, може да понуди интересна забава. Имајте во предвид дека играта воопшто не е лесна.
Повеќе детали за играта
- Произведува: KAMINARI GAMES Inc.
- Издава: Bushiroad Inc.
- Жанр: bullet hell
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 28 март 2024, февруари 2025 за конзоли
DeTechtive 2112: Под неонско сонце
Зошто да ја играте?
- Прекрасна киберпанк инспирирана графика
- Можност за ко-оп во игра која се забршува релативно брзо
- Впечатлива акција и користење на уникатни оружја
DeTechtive 2112 ве фрла во мрачна дистописка иднина со импресивни визуелни околини напојувани од Unreal Engine 5. Кампањата се труди да раскаже драматична приказна за тоа како детективот Метју Волас се враќа во град исполнет со корупција и пропаѓање. Прогонуван од мистериозно минато поврзано со Третата Светска Војна, тој презема неофицијална истрага, наоѓајќи, притоа, неверојатен сојузник во Абигејл – снаодлива млада секретарка.
Од црно – поцрно
Иако играта се одликува со пет уникатни случаи, нивната должина е прилично кратка, дозволувајќи ви да дојдете до крајот по нешто повеќе од два часа. Сите случаи на кои работите може да се разрешат со прикрадување, акција или комбинација од двете. Во случај на прикрадување, можете, како во Hitman игрите, да ги давите противниците, па потоа да ги криете нивните тела како не би биле забележани. Можете и вие да се криете, но, немојте – не вреди.
По одредено експериментирање, сметаме дека прикрадувањето не е доволно добро разработено и секогаш е полесно (и позабавно) да навлезете во просторијата и да пукате како луди без глава. Премногу лесно е да бидете забележани, при што прикрадувачките елементи пропаѓаат во вода. Независно од стилот на играње, DeTechtive 2112 знае да биде брутално тешка игра, дури и на нормалната тежина, принудувајќи не да ја намалиме тежината откако константно умиравме во првата пресметка. Непријателите се премногу агресивни, но, не на паметен начин, туку со безглаво залетување и убиствена прецизност, убивајќи ги сите квалитетни можности за какво било тактизирање, што е штета.

Играта поддржува до четири играчи во кооперативен режим, додавајќи уште еден слој на сложеност и забава, но, имајте во предвид дека во играта најдобро се ужива со намалена тежина и со сменета перцепција (дека се работи hack and slash акција).
Повеќе детали за играта
- Произведува: M11 Studio, 5Deniz
- Издава: indie.io
- Жанр: bullet hell
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезе на: 29 јануари 2025
Cosmic Paradox: Noire: димензионален танц на уништување
Зошто да ја играте?
- Фанови сте на класичните аркадни игри
- Интересна визуелна презентација и хаос во најчиста форма
- Едноставен систем за акциона забава во мали дози
Слично на првите класични игри од овој стил, Cosmic Paradox: Noire ги фрла играчите во хаотичен дводимензионалед судир. Се работи за игра со едноставен концепт и уште поедноставна приказна. Во поглед на гејмплејот, вие управувате летало од долната страна додека непријателите се појавуваат од горната. Покрај основни напади, ќе може да користите и неколку специјални способности за да извлечете предност на бојното поле. Иако наративот не е на преден план, играта сепак се труди да ве заинтригира така што ви раскажува приказна за тоа како катастрофален настан има допринесено за судир на димензии, принудувајќи ги двете завојувани фракции, Векс Акорд и Империјата Ороникс, да споделат фрагментирана реалност и да навлезат во епска борба за доминација.

Визуелната презентација е впечатлива, прикажувајќи го инвентивниот хаос кој се одвива низ преклопувачките димензии, но често се случува да се појават премногу непријатели од еднаш, отежнувајќи го разликувањето на непријателските проектили од хаосот во позадината.
Играта користи систем за рангирање со три ѕвезди, мотивирајќи ве да ги усовршите вашите ранови и да постигнете високи резултати. Заработката на кредити овозможува трајни надградби на статистиките и бонусите. Ваквиот стандарден систем за напредување ви дозволува да ги приспособите вашите билдови на начини кои највеќе ви се забавни (во теорија). Играта често знае да биде многу предизвикувачка и билдовите да се покажат како исклучително слаби или несоодветни.

Искрено се надеваме дека авторите ќе продолжат да работат на играта и да воведат позначајни надградби или поширок спектар на бонуси, како би можеле да се додаде поголема длабочина на системот за напредување.
Повеќе детали за играта
- Произведува: AUTO SLAVIC d.o.o.
- Издава: AUTO SLAVIC d.o.o.
- Жанр: shoot em up
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 20 септември 2024
Giveaway на IT.MK
Како што ветивме, време е да ги објасниме правилата на нашиот гивеавеј. Доволно е да ја оставите вашата и-мејл адреса во коментарите под овој текст. На крајот од денот, ќе избереме еден наш читател и ќе го испратиме клучот директно! Полесно – здравје! Среќно! :)
IT.MK рецензија на Remnant II: ↓↓









[email protected]
[email protected]
Честитки! Денот е при крај, а Вие сте нашиот добитник. Клучот е испратен! :)