Во извештајот од истрагата на непрофитната организација China Labor Watch за наводни прекршување за работнички права во трите фабрики на Pegatron се наведени детали дека Apple наскоро ќе објави пластичен и поевтин iPhone. Во извештајот, кој ја опишува состојбата на работниците, се вели дека Pegatron како доставувач на делови за Apple, склопува продукти „како iPhone 4, iPhone 4S, iPhone 5 и поевтин пластичен iPhone“.
Во дневникот на еден од инспекторите се вели дека „денешната работа е да се постави заштита врз пластичната маска на iPhone за да не биде изгребана маската на фабричката лента. Овој модел на iPhone со пластична маска наскоро ќе биде пуштен на пазарот“.
„Задачата е лесна, и јас можев да работам само по пет-минутни инструкции од постари вработени. Ми требаше една минута да ја поставам лентата на заднинската страна. Овој нов телефон сè уште не е пуштен во масовно производство, па квантитетот не е важен. Ова ја прави работата уште побавна отколку од одделите кои работат според распоредот за масовно производство.“, пишува инструкторот.
Според некои слики oд наводните пакувања на телефонот, објавени на кинескиот форум WeiPhone, овој поевтин модел ќе го носи името iPhone 5C.
Ова е само потврда на шпекулациите за поевтин iPhone кои ги слушаме веќе пола година. Ако ги сумираме гласините, најверојатно е дека поевтиниот iPhone ќе има одлични перформанси, можеби идентични како и кај iPhone 3S кој веќе не се продава; ќе биде со 3,5 инчен екран и, секако, пластична маска бидејќи алуминиумот е поскап. Пластиката ќе биде таа што ќе ја диктира цената која би требало да биде околу 150 до 250 долари. Очекувањата се дека поевтиниот iPhone ќе се појави на 18-ти семптември кога Apple има закажано настан.