Истражувачи киднапираа јахта преку безбедносен пропуст во GPS

Користејќи опрема која чини 3.000 долари и безбедносни пропусти во GPS, професорот Тод Хамфреј од Универзитетот на Тексас киднапираше 64 метри долга јахта во Средоземното Море. Целта на ова спектакуларна кражба беше да се истакнат опасностите од отворениот стандард на GPS. Киднапирањето на јахтата е изведено со испраќање на погрешни GPS сигнали со кои бродот можел да се навигира во потполно погрешен правец. Разликата на овој од претходните експерименти на студентите од Универзитетот на Тексас e што претходно единствена можност беше испраќање на бродот на погрешен курс, а сега е можна навигација со истиот.

„Претходно не можевме да ги контролираме автоматизираните уреди, единствено можевме да им го промениме курсот. Овојпат моите студенти креираа контролер со кои може да се управува возилото, иако возилото сака да се движи во друг правец.“, објаснува г. Хамфреј за Fox News.

На ваква манипулација се подложни цивилните GPS предаватели, бидејќи војската веќе користи енкрипција на GPS сигналите. Цивилните предаватели се замислени како отворен стандард, достапни на сите, со што се отвара можност сигналите да бидат фалсикувани. Популарноста на GPS и недостигот од авторизација на GPS може да претставува проблем во иднина, пред се ако се има во предвид дека 90 отсто од трговијата се одвива преку бродови, кои се со слична опрема како јахтата која беше киднапирана во презентацијата.

Г. Хамфреј, како еден од водечките експерти во ова поле, тврди дека просечен хакер нема способности да креира уред кој се маскира како легитимен GPS сигнал со кој ќе контролира возила, но, загрижувачки е што во моментов нема брза, едноставна и евтина поправка на безбедносниот пропуст!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk