Денис Соренсен е првиот човек кој ја тестира бионичката рака која овозможува да ја почувствува текстурата и формата на објектите кои ги држи. Тестовите се дел од едномесечните испитувања кои ги прави институтот во Рим, за роботската рака креирана од италијански и швајцарски научници. Проектот е дело на Државното политехничко училиште од Лозана, а професорот Силвестро Мицера е лидер на проектот Life Hand 2. Следен чекор е зголемување на обемот на испитувањето и вклучување на поголем број на пациенти кои ќе учествуваат во тестовите. Најголем проблем со кој се соочуваат е опасноста од инфекција, како поради електродите кои се вгнездени до нервите така и од жиците кои поминуваат низ кожата. Повеќе сензори се поставени во „тетивите“ на бионичката рака кои го контролираат движењето на прстите, а потоа овие сигнали ги испраќаат до надлактицата.
„Информациите кои доаѓаа од сензорите беа неверојатни. Кога ги држев објектите можев да почувствувам дали станува збот за цврст или мек објект за заоблен или коцкест објект.“, вели г.Соренсен. „Ова е првпат во невропротетиката да се имплеметира повратна информација преку сензор и да се користи кај лицата со ампутирнаи екстремитети за контрола на протетичката рака.“
За во иднина научниците се надеваат дека ќе успеат да изработат пософистициран модел на рака, но и минијатуризација на сензорите и опремата која би можела да се користи под кожата.
[youtube]PeA2cnanqyg[/youtube]








Уклучи и погледни вести од Црна Гора, Србија и Хрватска и ќе видиш дека ја имаш утнато цела вест.
Поздрав
http://www.bbc.co.uk/news/health-26036429