Demon Tides: Креативна слобода во отворен, аниме-инспириран свет

во гејминг

Доколку уживате во 3D платформери и барате некоја нова и амбициозна игра, тогаш не би требало да го заобиколите најновиот проект на независното студио Fabraz – Demon Tides. Од истото студио кое беше задолжено за Slime-san и Demon Turf, се испорачува игра која, иако, влече корени од својот претходник, сепак е изградена како целосно самостојно искуство. 

Приказната во Demon Tides ја следи Бибз и нејзиниот тим како започнуваат навидум невозможна потрага низ пространите океани на Рагнаровата Карпа. Зад шарената и навидум весела авантура, меѓутоа, се крие наратив поврзан и со самооткривање и со разоткривање на мрачните тајни на мистериозното кралство. Прказната не е лоша, но во никој случај не е револуционерна, особено одредени дијалози кои никако не можевме да ги сфариме затоа што делуваа наивно или несоодветно за ситуацијата во која се наоѓавме. Во една игра чиј фокус е на брзо движење и акробации во воздух, ова најмалку загрижува. 

Експресивно платформирање

Авторите посебно се горди на нивните механики поврзани со таканареченото експресивно платформирање каде наместо да има линеарен пат до целта, самиот дизајн на нивоата поттикнува креативност и слобода во движењето. За да никако не станат работите здодевни ќе можете да го приспособувате вашиот стил преку собирање талисмани и отклучување нови способности. Покрај привремени трансформации во одредени суштества, до навидум недостижните места ќе дојдете преку користење параглајдери, куки за повлекување и механички меурчиња. До одредена точка, повторуваме, не доаѓате само на еден начин туку преку користење бројни комбинации и изнаоѓање уникатно решение за надминување на пречките. 

Отворен океан

Навигацијата низ водните пространства беспрекорна. Огромните брзини ви дозволуваат да откривате различни оддалечени структури и скриени локации. За пофалба е колкав акцент се дава на истражувањето и на начинот на кој се дизајнирани мисиите. Секоја наредна мисија е поразлична од претходната и нуди поралични начини за прогресија и извлекување максимални награди. Помеѓу мисиите, можете да се релаксирате во мобилниот центар, како и да се подотерате благодарение на бројните опции за облека, додатоци и бои за коса.

Во моментот кога ќе ги совладате основните нивоа, предизвикот преминува во собирање на сите скриени ковчези и натпреварување со виртуелните прикази кои припаѓаат на другите играчи. Се работи за натпревар од speedrunning карактер, нешто што е совршено за сите оние кои знаат дека може да се направи огромна разлика во само дел од секунда. За дополнително задевање или пак поврзување со другите играчи, можете да оставате графити во околината – пораки кои потоа се појавуваат во световите на останатите играчи.

Demon Tides го задржува препознатливиот и уникатен уметнички стил по кој е познато студиото, вдомувајќи симпатични ликови во богати околини. Графичкиот дизајн се одликува со остри контрасти, живи бои и експресивни анимации кои одлично се вклопуваат во брзото темпо на играње. Како резултат, добивате естетски пријатен свет кој е магично надополнет со енергична музичка подлога и впечатливи звучни ефекти.

Квалитет и квантитет

Demon Tides е висококвалитетно издание кое успешно се истакнува во светот на современите платформери. Доколку навлезете во насловот, ќе наидете на интелигентен дизајн заснован на слободата на движење, длабокт систем за приспособување и паметното интегрирање на механики кои го почитуваат вашето време. Не не изненадува талентот на Fabraz да испорача наслов кој подеднакво ги наградува истражувањето и техничката вештина. Иновативните системи за сопствени контролни точки гарантираат дека искуството останува фер, додека предизвиците за брзинско преминување нудат долготрајна забава. Ова е динамична и визуелно впечатлива авантура која со сигурност ќе ги задоволи како долгогодишните обожаватели на студиото, така и сите нови играчи кои бараат квалитетен 3Д платформер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments