Skype for Business сега и официјално е достапна за iOS

Microsoft продолжува со пласирање на својот софтвер на сите оперативни системи и платформи. Најнов додаток во „колекцијата“ e апликацијата Skype for Business, која иако беше достапна во бета како Lync, сега го добива своето официјално деби на iOS, и подоцна на Android. Skype for Business овозможува пребарување по контактите, но сега и по глобална листа на адреси. Последните разговори се лесно достапни, а апликацијата овозможува едноставен преглед на состаноците, а доколку некој од конференциските состаноци е започнат приклучувањето е со едно притискање на иконата.

„Видеото на цел екран го прави состанокот подобро искуство. Поголемите копчиња за исклучување на звукот и можноста за додавање на учесници прави средбите во движење да бидат поедноставни. Истовремениот преглед на содржините кои се споделуваат и видеото на говорникот, овозможуваат никогаш да не пропуштите ниту еден момент,“ вели Microsoft во својот блог.

Доколку веќе имате инсталирано Lync тогаш не мора да правите ништо, апликацијата автоматски ќе се надгради. Android верзијата на апликацијата е во тест фаза, но би требало да биде достапна до крајот на годината.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments