0 коментари 2 мин. читање 5 октомври, 2018

Dell го претстави новиот Alienware m15 laptop

Вообичаено гејминг лаптопите се нешто повеќе од преносен десктоп. Гломазни се, тешки и не се лесни за префрлање од едно на друго место.

Новиот лаптоп Alienware m15 ќе се обиде да ги надмине овие проблеми. Тежи само нешто над 2 килограми и иако има 15,6 инчен монитор сепак одлично е спакуван, па ова не придонесува во дополнителна големина.

Лаптопот доаѓа со две различни изведби кога дисплејот е во прашање FHD и 4K. Основната верзија доаѓа со i5 процесор, а надградената верзија со i7; изборот на графичките картички е помеѓу Nvidia 1060 и 1070. Дека станува збор за вистинска „работна станица“ покажуваат и 32 GB RAM и 1TB SSD. Батеријата со помало користење може да издржи 17 часа помеѓу полнењата.

Иако Alienware важи за гејминг серија, овие лаптопи се лесни за пренос и за да се користат како работни машини.

„Се надевам дека 12, 15 и 17 инчните лаптопи на Alienware ќе добијат дел од надградбите на m15. Не мора да бидат толку тенки, но потенки рабови, надградени термални системи и подобро искористување на просторот ќе биде ветар во грб на оваа линија лаптопи“, констатира Валентина Паладно од ArsTechnica.

Продажбата  на Alienwatre m15 започнува на 25 октомври, а основната верзија чини 1100 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top