Со минијатурен чип Кина ги следи сите компании во САД

Кинески шпиони преку минијатурен чип ги следат најголемите компании во САД. Жртви на шпионажа се и гиганти како Amazon и Apple, јави Bloomberg. Она што е подеднакво скандалозно е дека Amazon знаел за проблемите кои ќе ги предизвика чипот на Elemental.

Вo 2015 година Amazon го купи стартапот Elemental. Elemental е компанија која креира софтвер за компресија на видео фајлови со што му помогна на Amazon да го развие Amazon Prime Video. Но, серверите кои Elemental ги инсталирал во компаниите имаат дополнителен чип, чип кој овозможува скришно следење.

Истрагата покажа дека плочите за серверите доаѓаат од компанијата Supermicro. Дел од плочите доаѓаат со минијатурен чип, Amazon го пријавил чипот на властите во САД. Истрагата покажала дека чипот е инсталиран во кинеските фабрики. Поточно чипот е инсталиран во фабриките во процесот на израбока на плочите.

Чипот го инсталирале инфилтрирани членови од Кинеската народна армија. Дел од сајбер единицата успеала да се вработи во Supermicro и да ја компромитира заштитата на плочите.

Потоа овие сервери се инсталирани во огромни компании и институции во САД. Apple, необјавена банка, Amazon се само дел од жртвите. Apple ги пронашол чиповите уште во 2015 и оттогаш ја прекинаа соработката со Supermicro. Истрагата започна додека претседател на САД беше Барак Обама, а продолжи и под г. Доналд Трамп.

Целата на нападите е кражба на индустриска сопственост и компаниски тајни. Иако нема доказ дека од некоја од компаниите е украдена технологија.

Сите споменати компании го демантираа написот на Bloomberg. Сепак Bloomberg тврди дека имаат дванаесетина извори од компаниите кои ја кажуваат истата приказна. Откривањето на вистината е посложено, бидејќи станува збор за државни тајни. Речиси сè од објавата на Bloomberg е класифицирано и доаѓа од анонимни извори. Сепак Bloomberg не смета дека постои простор приказната да е неточна.

Сторијата на Bloomberg отвора интересно прашање. Дали воопшто може во целост да се обезбеди ланецот на производство. Голем број на производители на електронска опрема или ги склопуваат своите уреди во кинески фабрики или купуваат делови од нив. Во целиот ланец на набавка и склопување секако има простор за вметнати шпиони кои ќе инсталираат шпионска опрема. Слично тврдење имаше Едвард Сноуден, но тогаш напаѓачи беа американските безбедносни компании.

По објавувањето на веста акциите на Supermicro паднаа над 40%.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments