0 коментари 1 мин. читање 23 мај, 2012

Nvidia го претстави Kai, концепт која ќе донесе таблет компјутери од само 199 долари

Nvidia го претстави својот таблет компјутер Kai кој работи на Tegra 3 процесор и кој ќе чини само 199 долари, што е доста евтино за вакви уреди. Ќе работи на Android OС.

Но, Kai нема да биде само таблет, туку е иницијатива која ќе им дозволи на другите производители да го користат нивниот четири-јадрен процесор со кој ќе можат да понудат евтини таблет компјутери на пазарот. Идејата е да се користи моќен процесор со слободна платформа, како Android 4.0 и да се искористат поевтини компоненти со кои цената на уредот ќе се задржи на само 199 долари на пазар на кој е тешко да се најде солиден уред под таа цена. Kai всушност е дизајн на како да се прават евтини таблет компјутери.

Овој продукт им беше покажан на инвеститорите, и се уште нема многу детали за спецификациите, но се очекува наскоро да биде претставен пред јавноста.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top