Deepfake видео на Зелински објави капитулација

Покрај мировните преговори, војната во Украина продолжува. Оваа недела на друштвените мрежи се појави видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое ги советува украинските трупи да се предадат.

Видеото се распространи преку друштвените мрежи, но за среќа Metа релативно брзо го отстрани видеото. Причина за отстранувањето е што видеото е лажно – „deepfake“ видео. Украинската ТВ-станица TV24 објави дека на 16-ти март биле жртва на хакерски напад. Како последица на нападот во листата на вести се појавила и најавата за обраќање на претседателот.

Во кусото видео Зелински вели дека „Не е лесно да се биде претседател“, „одлучил да го врати Донбас на Русија“ и „напорите на украинските воени сили не успеале“. Иако нападот не е сосем безопасен, сепак лесно може да се препознае дека станува збор за лажно видео. Главата на Зелински е преголема за телото на кое е поставена, целата позадина е замаглена, а ликот на претседателот е јасен, па рабовите околу лицето се лесно забележливи. Дури и гласот на Зелински е подлабок, па лесно може да се препознае дека е лажно видео.

Со оглед на тоа дека опасноста од лажни „deepfake“ видеа беше видлива и пред било каков вооружен конфликт, Facebook беше навистина подготвен за нападот. Друштвената мрежа речиси веднаш го отстрани видеото, а на почетокот на март, Центарот за стратешки комуникација на Украина имаше предупредување за напади од ваков вид.

„Замислете да го видите Володимир Зеленски на ТВ како дава изјава за капитулација. Гледате, слушате – значи е вистина. Но, ова не е вистината… Бидете свесни – ова е лажна вест!“, напиша Центарот на својата facebook-страница.

Најголемата друштвена мрежа релативно брзо го отстрани видеото, но и натаму се споделува на руската друштвена мрежа VKontakte. Дополнително видеото се споделува и преку проруски канали на Telegram, пишува TechCrunch.

Deepfakes е име за лажни – синтетизирани видеа во кои ликот на луѓето се заменува со лик на други луѓе. Името deekfakes е спој од „deep learning“ (технологија со која се креираат видеата) и „fakes“. Видеата кои се креираат со оваа технологија се комплексни и можат да се генерираат и со аудио, кое ќе звучи како човекот кој се имитира. Најчесто се креираат со помош на два спротивставени системи; едниот креира фалсификат, а другиот го препознава. Благодарение на ова, фалсификатот станува подобар, и на крајот е тешко да се препознае. Иако ова е вака во теорија, во пракса засега на алгоритамот му е потребна помош од човек кој ќе ги направи последните промени за поголема веродостојност.

Досега сме виделе различни примери на овие видеа, најчесто станува збор за видеа во кои актери се додаваат во филмови во кои не играле, но во почетокот deepfakes видеата, најчесто се користеа за креирање на порнографска содржина со актери или јавни личности.

Со сегашната технологија лажните видеата може да се препознаат, но во иднина веројатно навременото препознавање ќе биде потешко, ако не и невозможно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Рабуле
Рабуле
2 years ago

Точно така еве што е вистина,како тие навостина монтираат,како зеленски комичарот му прават монтировки за да се куражи,а тој ,се крие во Полска..барем така претпоставуваат,овие од запад..кои го пишувата текстот!?https://www.logicno.com/politika/pogledajte-kako-nas-lazu-jansa-kaczynski-i-fiala-nisu-uopce-bili-u-kijevu.html

види ги сите огласи на kariera.it.mk