Netflix ќе наплаќа за споделување на претплата

во Вести

Најголемата платформа за стрим на видео содржина Netflix, ќе се обиде да стави крај на заедничките профили и споделувањето на претплатата. Компанијата веќе ја тестира можноста претплатниците да додадат домаќинства на својата претплата и за тоа да платат дополнителна сума.

Тестот е достапен за корисниците од Чиле, Костарика и Перу и ќе им овозможи споделување на профилот со два члена надвор од домаќинството.  Сепак за споделувањето на профилот се доплаќа, иако се чини дека сумата не е превисока.

„Отсекогаш им олеснуваме на луѓето кои живеат заедно да jа споделат својата Netflix-сметка со посебни профили и повеќе стримови во нашите стандардни и премиум планови.  Иако овие профили беа многу популарни, создадоа конфузија за тоа кога и како може да се сподели Netflix. Како резултат на тоа, сметките се споделуваат помеѓу домаќинствата – што влијае на нашата способност да инвестираме во нови ТВ и филмски програми за нашите членови“, пишува Netflix на својот блог.

Заедничка претплата која ја плаќаат повеќе корисници никогаш не била во понудата на Netflix, но сервисот ја дозволувал или барем се преправал дека не ја забележува. На корисниците ова им овозможуваше да се соберат по неколку, и заедно да платат една претплата. Ова иако е злоупотреба, им овозможуваше на корисниците кои можеби самостојно не би платиле претплата сепак да ги гледаат содржините на Netflix. Во правилата за користење на платформата се забранува споделување на профилот надвор од домаќинството, но Netflix досега не преземаше никакви мерки.

Со новата функционалност корисниците ќе можат легално да додаваат корисници надвор од домаќинствата. Покрај додавањето на екстра членови, Netflix ќе овозможи и креирање на нови сметки од постоечките профили. Овие профили потоа ќе може да се додаваат како екстра членови на претплатата.

Цените на претплатите во Перу, Костарика и Чиле се слични со цените на претплатите во Македонија. Во Костарика на пример основниот пакет е 9 долари, стандардниот пакет е 13 долари, а премиум пакетот чини 16 долари. Цената на доплатата за екстра член е 3 долари.

Обидите за спречување на корисниците да ги споделуваат своите профили започна минатата година со двојната авторизација, со која корисниците по логирањето требаше да внесат код кој пристигаше по имејл или телефон. Ова не го прекина  споделувањето, но го направи покомплицирано.

Тестовите кои ги прави Netflix во Перу, Костарика и Чиле, може да го оневозможат споделувањето на профили во иднина, но компанијата може и во целост да се откаже од додавањето на екстра профили на претплатите.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments